Подготовка(2часа)
Во еден сад ставете го брашното и претходно активираниот квасец.Додадете ги јајцата, шеќерот, ванилата и циметот и пирето од тиква.Замесете меко, лепливо тесто. Доколку е тврдо, додадете млеко, вода….ако е многу меко додадете брашно.Оставете го тестото да стасува барем 30 минути.Кога тестото ќе надојде, на работната маса наросете брашно и кафеав шеќер и само протркалајте го. Ставете го на плех и дури се загрева рерната нека постои покриено со крпа.Печете на 180 степени 40-50 минути. Лебот треба да фати убава боја.Наздравје!
Состојки:
малку кафеав шеќер
1.5 кг брашно
1кг пире од тиква Ivima
2 јајца
3 пакетчиња сув квасец
2 кесички ванилин шеќер
5 лажици шеќер
3 лажици цимет

