Ванилици со тиква

Подготовка(30-60 мин)

Путерот, ванилата и шеќерот се матат пенасто. Потоа се додаваат жолчката, пирето од тиква и ренданата кора од лимон или портокал (по вкус). Се миксира  до хомогена смеса. На крај се додава брашното (постепено) до добивање на меко тесто кое не се лепи. На набрашнета работна маса,  се расукува кора со дебелина од 5мм, и со мала чашка се  вадат кругчиња кои ги редите во плех врз хартија за печење. Доколку има потреба, чашката брцкајте ја во брашно пред сечење на колачињата. Печете во загреана рерна на 180 степени се додека не заруменат благо од долната страна. Оладените ванилици се чуваат во кутија, извалкани во шеќер во прав, измешан со ванилин шеќер, или по желба ги лепиме со мармалад по вкус. Наздравје!

Состојки:

180 гр путер на собна температура

150 гр шеќер

1 жолчка

1 ванила

200 гр пире од тиква Ivima

рендана кора од лимон или портокал

500 гр брашно

за валкање, шеќер во прав и ванилин шеќер

Поврзани рецепти