Подготовка(40мин)
Во едно тенџере се вари компирот заедно со ловоровиот лист . Во друго тавче се пропржува кромидот,ситно исецкан, заедно со лукот. Се пржат додека кромидот не добие стаклест изглед.Пирето од тиква,компирот и испржениот кромид се ставаат во блендер заедно со малку од водата во која се вареа, се блендира и смесата се враќа во останатата вода во тенџерето.По желба можете да додадете сол,бибер или некој зачин.Доколку сакате посилен вкус, додадете и 2-3 лажици кисела павлака. Наздравје!
Состојки:
300гр. пире од тиква Ivima
1 компир
2-3 чешниња лук
1 л. вода
1 главица кромид
сол, бибер, ловоров лист

