Подготовка (30мин)
Во голем сад изматете го пирето од тиква, шеќерот, маслото, јајцето и ванилата. Во посебен сад измешајте со лажица брашно, зачини и пецивото. А во помал сад измешајде ја содата со млекото, тоа додадете го на измиксираната смеса и потоа додадете го измешаното брашно со останатите состојки. Убаво измешајте. На крај додадете ги чоколадните топчиња. Со лажица нацрпете од смесата и редетеги топчиња во плехот на хартијата за печење. Ги ставате во веќе загреаната рерна на 180 степени да се печат 10-15 минути. Наздравје!
Состојки:
330 гр пире од тиква Ivima
200 гр шеќер
120 мл масло
1 јајце
2 ванилин шеќер
1 мало лажиче сода бикарбона
1 мало лажиче млеко
300-350 гр брашно
2 малин лажички пециво
1 мало лажиче цимет
300 гр чоколадни топчиња

