Посни мафини со пире од тиква

Подготовка(до 30мин,околу 20 мафини)
Во еден сад го додаваме пирето,брашно, пециво, шеќер, мармалад и на крај водата и маслото. Сето тоа се миксира  заедно, ако ви е течна смесата слободно додадете уште 2-3 лажици брашно. Во секоја мафина додадете по две лажици од смесата и неколку парчиња чоколадо. Печете ги на 250 степени. После печење врз мафините ставете шеќер во прав или растопено чоколадо. Наздравје!

Состојки:
300 гр брашно
300 гр шеќер
150 мл масло
200 мл минерална вода
1 пециво
3 лажици мармалад од кајсии
500g пире од тиква Ivima
100 гр чоколадо за готвење

Поврзани рецепти