Подготовка (35 мин)
Ставете го кромидот и лукот да се пржат во маслиново масло додека омекнат, потоа додадете го оризот и промешајте неколку минути. Истурете го белото вино (доколку користите) и мешајте додека не испари, а потоа постепено додавајте ја топлата супа додека оризот не омекне. На крај вмешајте го пирето од тиква, путерот и пармезанот за да добиете кремаста текстура. Зачинете со сол и бибер, и послужете со свеж магдонос или жалфија. Наздравје!
Состојки:
1 чаша ориз арборио
1/2 чаша пире од тиква Ivima
1/2 главица кромид, ситно сечкан
2 чешниња лук, ситно сечкани
2 лажици маслиново масло
1/2 чаша бело вино (по избор)
3-4 чаши зеленчукова супа (топла)
1/2 чаша рендан пармезан
1 лажица путер
Сол и бибер по вкус
Свежа жалфија или магдонос за декорација

