Ролат со тиква и орев

Подготовка(30мин)

Во еден сад ставете го брашното, сувиот квсец, солта и шеќерот, промешајте и додадете го јајцето и топлото млеко измешајте и оставете тестото да стаса. За филот измешајте ги сите состојки, пирето од тиква, шеќерот, ванилата и оревите. Стасаното тесто рассукајте го, врз него рамно расподелете од филот и завиткајте во ролат. Ролатот ставете го во тепсија и оставете го 15 минути. Печете го ролатот во загреана рерна на 250 степени 35 минути.Готовиот ролат наросете го со шеќер во прав. Наздравје!

Состојки:

За тесто

500 гр брашно

1 лаж сув квасец

100 мл топло млеко

1 лажиче сол

2 лажици шеќер

1 јајце

За фил

500 гр пире од тиква Ivima

100 гр шеќер

1 ванила

150 гр сецкани ореви

 

Поврзани рецепти