Подготовка(30мин)
Во еден сад ставете ги мелените бисквити со стопениот путер и добро измешајте ги за да се соединат, а потоа смесата пренесете ја во калап. Основата треба да биде рамна со околу 2 см од страната.Во голем сад ставете го крем сирењето со киселата павлака и добро измешајте (околу 3-4 минути) сè додека смесата не се соедини. Во смесата додадете го шеќерот, тиквата, циметот и ванилата и убаво измешајте додека не се изедначи смесата.Смесата ставете ја врз кората, покријте ја со проѕирна фолија и ставете ја во фриждер убаво да се излади 4-5 часа.Наздравје!
Состојки:
210гр мелени бисквити
120 гр стопен путер
680гр крем сирење
240 мл слатка павлака
120 гр шеќер во прав
340гр пире од тиква Ivima
1 лажичка мелен цимет
1 мала лажичка ванила
слатка павлака за сервирање

