Колачиња од тиква со чоколадо

Подготовка (30мин)

Во голем сад изматете го пирето од тиква, шеќерот, маслото, јајцето и ванилата. Во посебен сад измешајте со лажица брашно, зачини и пецивото. А во помал сад измешајде ја содата со млекото, тоа додадете го на измиксираната смеса и потоа додадете го измешаното брашно со останатите состојки. Убаво измешајте. На крај додадете ги чоколадните топчиња. Со лажица нацрпете  од смесата и редетеги топчиња во плехот на хартијата за печење. Ги ставате во веќе загреаната рерна  на 180 степени да се печат 10-15 минути. Наздравје!

Состојки:
330 гр пире од тиква Ivima

200 гр шеќер

120 мл масло

1 јајце

2 ванилин шеќер

1 мало лажиче сода бикарбона

1 мало лажиче млеко

300-350 гр брашно

2 малин лажички пециво

1 мало лажиче цимет

300 гр чоколадни топчиња

Поврзани рецепти